Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Поранешниот играч за врска на Челзи, Рамирез ја заврши професионалната кариера
    Фудбал

    Поранешниот играч за врска на Челзи, Рамирез ја заврши професионалната кариера

    risteBy riste29/09/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Поранешниот играч за врска на Челзи, Рамирез, објави дека се повлекува од професионалниот фудбал. Во моментов бразилскиот фудбалер има 35 години.

    „Одвоив малку време за размислување, би сакал да ја објавам одлуката да се повлечам од професионалниот фудбал. Најпрво сакам да му се заблагодарам на Бога што ме поучи и ме доведе до највисоки спортски резултати.

    Благодарност до сите клубови за кои играв. Секогаш ќе ги држам овие тимови и нивните навивачи во моето срце. Им благодарам и на бразилската репрезентација за шансата да играм на две светски првенства, тоа ми донесе задоволство. Благодарен сум на сите соиграчи, персонал, тренери и директори со кои имав задоволство да работам. Благодарност до моето семејство, мајка, деца, браќа и вистински пријатели.

    Ви благодарам многу што бевте покрај мене сите овие години, радувајќи се на секое мое достигнување како да е ваше. Тоа ми даде сила и ме мотивираше. Сега ќе тргнам по друг пат, но ќе го сторам тоа со истата храброст и среќа што ги имав во моето детство, кога, наспроти сите шанси, ја напуштив мојата населба во Рио за да го освојам светот. Благодарам за се!“ , напиша Рамирез на своите социјални мрежи.

    Да потсетиме дека во текот на кариерата Рамирез настапуваше за лондонски Челзи, Лисабон Бенфика, кинески Џиангсу Сунинг, како и за бразилските Палмеирас и Крузеиро.

    Вкупно, Рамирез во текот на кариерата одигра 494 натпревари на клупско ниво, постигна 73 гола и даде 55 асистенции. Тој исто така има 51 натпревар за Бразил.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.