Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Новак Ѓоковиќ доаѓа во Скопје?
    Домашен микс

    Новак Ѓоковиќ доаѓа во Скопје?

    sasoBy saso30/09/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Единственото спортско радио во Македонија, Спортското радио 90.3 фм следниот викенд (7-9 октомври) во Скопје ќе ја собере балканската фудбалска елита како дел од големиот ЈУБИЛЕЈ – 30 години „Турнир во мал фудбал на медиумите од Македонија“.

    Турнирот и оваа година ќе биде несекојдневен спортско-забавен настан со учество на некогашните ведети на фудбалската сцена во поранешна Југославија меѓу кои и репрезентациите на Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија. Во секоја од селекциите ќе бидат дел од некогашните големи имиња на екс-ју фудбалот, „засилени“ со по некоја естрадна ѕвезда од регионот.

    Деновиве траат завршните подготовки и во репрезентацијата на Србија, каде покрај Клинчарски, Саво Милошевиќ и останатите легенди на српскиот фудбал, меѓу ѕвездите на тимот е најавена и големата тениска ѕвезда, Новак Ѓоковиќ. Некогашниот светски рекет бр. 1 најавил дека сака да биде дел од тимот на Србија во Скопје, но, сепак, прво треба да ги усогласи своите обврски со настапите на тениските турнири. Во текот на следната недела останува да се почека неговата дефинитивна одлука дали за првпат ќе пристигне во Македонија и ќе биде дел од настанот со кој Спортското радио 90.3 фм ќе го одбележи овој јубилеј – 30 години „Турнир на медиумите во мал фудбал“.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.