Тренерот на фудбалерите на Динамо Загреб, Анте Чачиќ, се надева капитенот Аријан Адеми, ќе може да игра во текот на викендот против Славен Белупо во рамките на шампионатот на Хрватска.
Нашиот репрезентативец поради повреда, мораше да ги пропушти последните два меча против Грузија и Бугарија во Лигата на Нации.
„Не можам да ви кажам колку ќе го користиме Адеми кој по вторпат стана татко. Како и да е, без нашиот капитен не сакам да одиме во нови предизвици. Верувам дека ќе биде со нас за утрешниот натпревар“ – изјави Чачиќ.