Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, направи споредба меѓу Лео Меси и сегашната ѕвезда на „граѓаните“, Норвежанецот, Ерлинг Халанд, кој во континуитет ги тресе противничките мрежи.
„Постои голема разлика меѓу Ерлинг и Лео. На Ерлинг му требаат соиграчи за тоа да го оствари и тоа што го прави е неверојатно. Меси од друга страна сѐ можеше сам“ – беа зборовите на шпанскиот тренер кој имаше незаборавни моменти со Аргентинецот додека работеше во Барселона.
Меси во дресот на Каталонците постигна 211 голови на 218 натпревари.