Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Антонио Конте, се осврна на критиките упатени кон него по поразот од Арсенал во Лондонското дерби одиграно во текот на викендот.
„Не сакам да губам. Секогаш се обидувам на теренот да го испратам најдобриот тим со кој располагам во моментот“ – рече италијанскиот тренер.
„Не сакам да играм отворено и да примам шест, седум или осум голови. Можам да држам лекции по фудбал“ – им одговори Конте на критичарите кои алудираат на неговиот дефанзивен стил на игра.

