Тренерот на Барселона, Чави лут на судиите по синоќешниот пораз на Каталонците во Милано на натпреварот од 3. коло од групната фаза на Лигата на шампионите на УЕФА против Интер (0:1).
„Лут сум затоа што се соочивме со неправда. Доживеавме многу опасен пораз. Остануваат уште три меча и сега сме во крајно непријатна положба. Фудбалерот на Интер играше со рака. Судијата игра важна улога во овој спорт, тој мора да излезе и да ја објасни својата одлука. Не сакаше ништо да ми објасни. Ова е Лига на шампиони и има висока конкуренција. Се обидовме, создадовме повеќе шанси од противникот, но Интер добро се бранеше. Загрижен сум поради овој пораз. Во тешка ситуација сме“, изјави тренерот на Каталонците.