Македонската футсал репрезентација денеска на гостински терен против Шведска ги почнува квалификациите за пласман на Светското првенство 2024 година.
Воведниот натпревар ќе го имаме во Алингасас со почеток во 17 часот. Наредниот четврток во Скопје ќе гостува Италија. Вторите мечеви со „Викинзите“ и „аѕурите“ ќе ги одиграме догодина во месец март.
Пласман во елитна фаза од мундијалските квалификации ќе обезбедат победниците на 12 групи и четирите најдобро второпласирани репрезентации.