Денеска на прес-конференција беше најавен 30-от турнир на Медиумите во мал фудбал во организација на Спортско радио, 90,3 фм. Годинава истиот ќе биде со меѓународен и воедно хуманитарен карактер а ќе се реализира в сабота на терените на „Куќата на фудбалот“.
Во делот на медиумите ќе играат МРТВ 1, Сител, МРТВ 2 и Спортско радио 90,3 ФМ додека во меѓународната програма ќе се појават селекциите на БИХ, Србија, Хрватска и Македонија. Тие ќе бидат составени од поранешни фудбалски ѕвезди од ју-просторите, познати естрадни уметници и новинари.
Според програмата, в сабота во полу-финалето кај медиумите Спортско Радио 90,3 ФМ и Сител ќе играат од 10.00 часот додека мечот меѓу МРТВ 1 и МРТВ 2, ќе стартува во 10.45. Првото полу-финале кај репрезентациите Македонија – БИХ ќе започне во 11.30 додека второто Хрватска-Србија ќе стартува во 12.15 часот. Финалето кај медиумите е во 13.00 a кај репрезентациите во 14.30.
Сите учесници на турнирот денеска ќе имаат прием и кај претседателот, Стево Пендаровски, во резиденцијата на Водно.