Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, вели дека тренерот Алегри ќе остане на клупата иако „старата дама“ вчера загуби на теренот на Макаби Хаифа во 4 коло во Лигата на шампионите.
„Во оваа тешка ноќ мора де се преземе одговорноста. Се чувствувам засрамен поради се што се случува, лут сум, но знам и дека фудбалот се игра со 11 губиш и победуваш со 11“ вели Ањели.
„Алегри е тренер на Јувентус и ќе остане “ – потенцираше првиот човек на италијанскиот фудбалски гигант по вчерашниот меч во Израел.