Екипата на Копенхаген вчера успеа да ја запре победничката серија на Манчестер Сити во Лигата на шампионите.
Мечот во Данска заврши без голови иако англичаните имаа пенал и повеќе од играта. Тимот на Гвардиола мораше да игра со десет фудбалери по исклучувањето на Марез речиси еден час.
„ Се беше добро додека имавме 11 играчи. Потоа моравме да менуваме во играта, но, бодот ќе ни заврши работа. Ќе се обидеме да го задржиме првото место“ – вели тренерот на Сити, Пеп Гвардиола.