Жил Кунде ќе може да игра за Барса на натпреварот против Реал Мадрид во Ел Класико пресметката овој викенд.
Дефанзивецот на Барселона е блиску до опоравување од повредата и според лекарите ќе биде подготвен да го одигра големото дерби. Тој ќе патува со тимот во Мадрид.
23-годишниот фудбалер имаше мала повреда на бицепсниот мускул на левата бутина на последниот настап за француската репрезентација.