Младата фудбалска ѕвезда на ПСЖ, Килијан Мбапе, вчера по мечот со Олимпик Марсеј, ги негираше вестите дека сака да го напушти „Паркот на принцовите“ во текот на зимскиот трансфер период.
„Не побарав да го напуштам ПСЖ во јануари. Бев шокиран од веста како и сите други. Тоа е измислица“ – рече брзоногиот голгетер.
„Знаеме што значи да се игра во ПСЖ, мора да бидете подготвени. Ние сме фокусирани на освојување на трофеjи“ – рече Мбапе.