Напаѓачот на Тотенхем, Хјун-Мин Сон, го зазеде 11-тото место на ранг-листата за – „Златната топка“.
Тоа е најдобар ранкинг за фудбалер од Азија гледано во историјата. Јужнокорејскиот интернационалец одигра 45 натпревари со ефект од 24 голови и 8 асистенции. Тој е активен во европскиот фудбал од неговата 16-та година а дебитираше во дресот на Хамбургер.
Во 2013 година се пресели во Баер (Леверкузен) а по две сезони потпиша со Тотенхем во Премиер лигата.