Екипата на Аталанта има одличен старт на сезоната во Серија „А“. Тимот од Бергамо нема пораз во 10 кола и ја држи втората позиција на табелата веднаш за лидерот Наполи.
Тренерот на италијанскиот состав, Жан Пјер Гасперини, вели дека неговиот клуб нема ресурси да се бори за шампионскиот пехар.
„Светот на фудбалот притиска кон тимовите кои имаат повеќе фанови. Се чини дека првиот услов за да се биде конкурентен не е фудбалот туку бројот на навивачи. Ние со нашите ресурси не можеме да кажеме дека ќе се бориме за Скудетото“ – потенцира тренерот на Аталанта.