Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле, нема да се врати во игра пред јануари поради повредата што ја доби пред неколку дена на мечот со Удинезе во Серија „А“ , објави вечерва – „Газета дело спорт“.
Напаѓачот на „римските орли“ има повреда на мускулот на левата надколеница и ќе мора ги пропушти мечевите со Рома, Аталанта и Јувентус како и остатокот од групната фаза во Лига Европа.
Имобиле во изминатите пет години поради повреди пропушти само 13 натпревари.