Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Нејмар може да ја продолжи кариерата во англиската Премиер лига. Челзи е заинтересиран за услугите на 30-годишниот Бразилец, пренесуваат медиумите во Франција.
Според истите, лондонскиот клуб сака да го ангажира Нејмар во 2023 година. Челзи минатото лето имаше можност да го земе Бразилецот на позајмица, но „сините“ не беа договорени околу распределбата на платата на играчот меѓу нив и ПСЖ. Сега Челзи сака целосно да го откупи Нејмар и да ги покрие неговите барања за плата – 40 милиони евра годишно.
Во сезоната 2022/23, Нејмар забележа 16 настапи за ПСЖ во сите натпреварувања, постигнувајќи 12 гола и давајќи девет асистенции. Неговата пазарна вреност во моментов се проценува на 75 милиони евра.