Од 28 октомври, шпанскиот фудбалски шампионат може да биде прекинат. Клубовите во Ла Лига и Сегунда се незадоволни од новиот закон за спорт и се подготвени да ги бојкотираат националните натпревари, информираатм медиумите во Шпанија.
Раководството на Ла Лига ќе одржи вонреден состанок со клубовите на 27 октомври. Ќе одлучува за бојкот на шампионатот на Шпанија поради новиот закон, кој дозволува учество на локални екипи во европската Суперлига.
Поради евентуалното учество на шпански тимови во Суперлигата, од кое поголемиот дел од Европа се откажа, договорот на Ла Лига со голем инвестициски фонд вреден 2 милијарди евра е загрозен, па затоа клубовите се противат на новитетите во законодавството.
Според шпанските медиуми, 39 од 42 тима од Ла Лига и Сегунда се против новата промена на законот. Новоусвоените измени на законот ги поддржуваат само Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид.