Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема , нема да може да учествува на натпреварот од 11. коло на шпанскиот шампион Реал Мадрид со Севиља, објави „Мундо Депортиво“.
34-годишниот француски фудбалер го завршил тренингот пред предвиденото време и беше подложен на лекарски преглед.
На Бензема му беше дијагностициран замор на мускулите, а стручниот штаб на Реал Мадрид реши да не го користи напаѓачот на натпреварот против Севиља.
Натпреварот од 11. коло од шампионатот на Шпанија, Реал Мадрид – Севиља ќе се одигра вечерва, на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид. Средбата започнува во 21:00 часот, а Реал одвој натпевар го дочекува како лидер на табелата во Ла Лига.