Пари Сен Жермен работи на нов договор за напаѓачот Лионел Меси, објави новинарот Адријан Грениер на својот Твитер повикувајќи се на „Le Parisien“.
Според изворот, ПСЖ на аргентинскиот напаѓач му понудил договор до 2024 година со можно продолжување на уште една сезона. Се разговара и за финансиските услови на договорот.
Да потсетиме дека Меси игра за ПСЖ од 2021 година, каде што се пресели од Барселона. Неговиот договор со клубот е до 2023 година. Порталот Трансфермаркт ја проценува цената на фудбалерот на 50 милиони евра.
Во тековната сезона од шампионатот на Франција, Меси учествуваше на 11 натпревари, на кои постигна шест гола и запиша девет асистенции. На три натпревари во групната фаза од Лигата на шампионите постигна два гола.