50-годишниот шпански стручњак Унаи Емери, официјално ќе го води тимот на Астон Вила, а доби импресивен договор во новиот клуб, објави авторитетниот италијански новинар Фабрицио Романо на Твитер.
Според информациите кои ги објави Романо, платата на Унаи Емери ќе биде 7 милиони евра годишно. Во исто време неговиот поранешен клуб Виљареал ќе добие отштета за заминувањето на тренерот во износ од 6 милиони евра.
Унаи ќе почне да работи во англискиот клуб од 1 ноември, кога ќе бидат завршени сите формалности за добивање работна дозвола во Англија.
Емери досега беше тренер на шпанскиот Виљареал. Со клубот ја освои Лигата на Европа во сезоната 2021/2022.
Покрај тоа, Шпанецот три пати го освојуваше овој турнир со Севиља. Емери работеше и во ПСЖ и стана шампион на Франција во сезоната 2018/2019. Двапати го освои Купот на Франција, двапати Лига Купот на Франција и два пати францускиот Суперкуп. Тој има големо искуство со работа во Англија затоа што беше на клупата на Арсенал во сезоната 2018/19.