Манчестер Сити денеска ќа гостува кај Борусија Дортмунд во 5 коло во Лигата на фудбалските шампиони.
Тренерот на англискиот состав, Пеп Гвардиола, изјави дека е среќен што уште еднаш ќе може да води екипа на стадионот – „Сигнал Идуна Парк“. Во минатото тоа го правеше додека беше дел од Баерн Минхен.
„Сите знаат за атмосферата во Дортмунд. Таа е мотив да се игра таму. Среќен сум што ќе можам да се вратам на стадионот. Знаеме дека ќе биде тежок меч. Ние сме во осминафиналето а тоа е најзначајно за нас“ – изјави шпанскиот стратег.

