Тренерот на Интер, Симоне Инзаги е оптимист дека неговата екипа ќе може да го задржи Милан Шкрињар во својот тим со пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Фудбалерот е баран од Пари Сен Жермен и Французите би можеле да го ангажираат како слободен играч на лето.
Доколку Интер вечерва ја победи Викторија (Плзен) на „Џузепе Меаца“, тимот сигурно ќе игра во осминафиналето во Лигата на шампиони.
„Имам среќа што Интер има одлични директори кои размислуваат за ова прашање. Но, не е само Шкриљар, има и други играчи кои се исто така без договор и се надевам дека се ќе заврши добро за нашиот тим“, рече Инзаги.
„Шкрињар секој ден е во подобра форма. Ја започна сезоната доцна поради повреда со репрезентацијата, но во последно време покажува видлив напредок. И тој и сите негови соиграчи. На денот на ждрепката, пласманот во нок-аут фазата од оваа група изгледаше многу тежок за сите, но тоа не ме вклучува мене и играчите. Тие работеа напорно за ова. Се надеваме дека ќе ги задоволиме навивачите и ќе покажеме дека сме голем тим” заврши СИмоне Инзаги.