Поништениот гол на Хари Кејн со помош на ВАР системот го спречи Тотенхем да слави на вчерашниот меч со Спортинг во Лигата на шампионите и да се промовира како сигурен паник во наредната фаза.
Случувањата во судиското надополнување на мечот во Лондон крајно го изнервираа домашниот тренер, Антонио Конте, кој за неговата реакцијакај судиите заработи црвен картон.
„Сакам да видам дали тие би имале храброст да донесат таква одлука против голем тим. Ќе повторам, погрешна одлука бидејќи топката беше пред Кејн. Тоа ни нанесе голема, голема штета“ – изјави Конте.