Јувентус испадна од Лигата на шампионите во вторникот вечерта, откако загуби со 4:3 од Бенфика и тоа докажа уште еден неубедлив почеток на сезоната. Токму континуираните слаби игри и резултати на тимот предизвикуваат нови шпекулации во печатот за можното враќање на Антонио Конте на чело на „старата дама“.
Менаџерот на Тотенхем е под договор до крајот на сезоната и допрва треба да го обнови договорот. Покрај тоа, Тотенхем одлично ја започнаа сезоната и се меѓу топ 3 во Премиер лигата, но во последните натпревари имаа лоши резултатите и забележаа 3 порази на последните 5 натпревари во првенството.
Според италијанскиот медиуми, Јувентус е подготвен да му даде доверба на Алегри до крајот на сезоната со надеж дека тој сепак ќе го квалификува тимот во зоната на Лигата на шампионите и постепено ќе ги подобрува резултатите на тимот, по што ќе биде сменет од Конте во текот на летото.