Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години денеска на тренинг центарот – „Петар Милошевски” го забележа и вториот пораз во квалификациската група 9 за место на Европското првенство.
Избраниците на Вујадин Станојковиќ загубија од главниот фаворит во групата Франција 4-0. Во вториот меч одигран на стадионот во Ѓореч Петров, селекцијата на Исланд го совлада Луксембург со 3-1.
Во последното коло ние ќе играме против Луксембург додека „триколорите“ ќе излезат на мегдан со Исланѓаните.

