Денеска беа потпишани неколку проекти кои ќе бидат реализирани од страна на тимот на – „Арена Ринг Манагемент Промотион“, предводен од лиценцираниот промотер од Македонија, Авдил Салиху.
„За да бидете успешни во една работа, треба да имате соодветно искуство и нормално со текот на времето ќе можете да воспоставите контакти со менаџери и промотери од целиот свет. Сега дојде време да се организираат спектакли и во Македонија, започнувајќи од наредната година“ – вели Салиху.
Тоа значи дека набрзо многу ѕвезди од профи-боксот ќе треба да допатуваат во нашава земја.