Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски дојде до нова победа на турнирот во Ираклион во Грција со награден фонд од 15.000 долари. Ивановски денеска славеше во полуфиналето против Италијанецот Андреа Гутиере со 2-0 во сетови (7-6 и 6-3).
Во битката за титулата, Ивановски за противник ќе го има подобриот од дуелот меѓу Себастијан Гима и Павел Неједли.