10.000 евра за исвиркување на химната на Бугарија и 4.500 евра за фрлање на предмети на теренот е казната која УЕФА ја изрече за ФФМ за настаните на натпреварот Македонија-Бугарија.
Тоа значи дека нашата фудбалска федерација ќе треба да одвои вкупно 14.500 евра за сите немили настани на квалификацискиот меч што беше одигран на 26 септември во Скопје.
Нашиот репрезентативец, Тодор Тодороски, кој беше исклучен, ќе мора да паузира на еден натпревар.

