Фудбалерите на Реал Мадрид доцна синоќа одиграа нерешено на домашен терен со Жирона 1:1 со што загубија значајни два бода во трката за шампионската титула во Шпанија.
Гостите успеаја да изедначат од пенал кој според тренерот на „белите“, Карло Анчелоти, не требало да биде досуден. Тој вели дека воопшто немало играње со рака од страна на Асенсио.
„Топката го удри во гради. Зборував со Асенсио и неговата позиција е навистина чудна но, тој не ја допре топката со рака. Не знам што се случи, измислија пенал“ – вели италијанскиот стратег.