Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, проценува дека неговиот тим се движи во добра насока и дека се враќа на победничките патеки.
Според него, вчерашната победа против Вест Хем на „Олд Трафорд“ треба да биде дополнителен мотив за наредните пресметки во елитата на Англија.
„Ме радува духот кој го покажуваме. Имаме добри опции во нападот но, мора да бидеме поефикасни“ – нагласи менаџерот на „црвените ѓаволи“.