Роберт Левандовски не замина за Чешка на мечот со Викторија Плзен во последното коло од групната фаза во Лигата на фудбалските шампиони.
Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, се определи да му даде одмор на репрезентативецот на Полска бидејќи Каталонците немаат ниту теоретски шанси да одат во фазата на елиминации.
Според најавите, во нападот на шпанскиот состав ќе се појават Ансу Фати, Феран Торес и Рафиња.