Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике, синоќа ја изненади јавноста со објавата дека одлучил да ја заврши својата фудбалска кариера.
Според информациите од Шпанија, шпанскиот фудбалер бил погоден од фудбалските проблеми, како и проблемите со медиумите, поради кои беше на мета во подолг период. Пике се чувствувал и навреден од претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, но не сакал тоа да го објави јавно.
Харизматичниот дефанзивец и легенда на шпанската репрезентација ненадејно најави заминување од матичниот клуб и воопшто од фудбалот.
Својата одлука ја објави во двеминутно емотивно видео на социјалните мрежи. И сега, кога соништата на тоа дете се остварија, сакам да ви кажам дека е време да се затвори овој круг. Отсекогаш сум велел дека после Барса нема да имам друг тим и тоа е точно. Оваа сабота ќе биде мојот последен натпревар на Камп Ноу“, објави Пике.
Јасно е дека на една од најуспешните кариери во модерниот фудбал и дојде крајот. Пике е осумкратен шпански шампион, седумкратен освојувач на Купот на Шпанија, шесткратен победник на шпанскиот Суперкуп, четирикратен освојувач на Лигата на шампионите (еднаш и со Манчестер Јунајтед), трикратен победник на Суперкупот на УЕФА, трикратен освојувач на Светското клупско првенство, светски шампион и европски шампион со Шпанија.