Четворица аргентински пријатели поминале 10.500 километри со велосипеди низ патиштата од Јужна Африка за да стигнат до Доха пред претстојното Светско првенство во фудбал.
Матијас Виљароел, Силвио Гати, Леандро Бланко и Лукас Ледезма беа пречекани од десетици аргентински навивачи во главниот град на Катар во понеделникот вечерта.
„Неверојатно, неверојатно затоа што беше толку долго патување преминување од Кејптаун, Јужна Африка и низ Африка до Блискиот Исток“, изјави Леандро Бланко за тоа како се чувствувал на патот кон Катар.
„Ова е за луѓето од Аргентина и остатокот од светот. Ние сме тука за Меси и за сите наши фудбалери кои очекуваме да го освојат пехарот за еден месец“, изјавил Бланко.
Четворицата велосипедисти патувале низ 15 земји на два континенти во шестмесечното патување за да стигнат до Доха.