Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Кристијан Ериксен е именуван во прелиминарниот состав на данската фудбалска репрезентација за Светското првенство во фудбал во Катар.
Ериксен (30) кој колабираше за време на првиот натпревар на ЕП 2020 против Финска минатата година се врати на терените и продолжи со кариерата.
Данска денеска именуваше 21 играч од 26-члениот тим кој ќе патува за Катар, а последните 5 играчи ќе бидат одбрани по последното викенд коло низ Европа.
„Многу работи можат да се случат“, изјави селекторот на Данска, Каспер Хјулманд. „Остануваат уште два натпревари за многу од нашите играчи, а тоа лесно може да ги промени работите во составот, затоа ќе почекам за последните пет имиња“, додал тој.
Во прелиминарниот состав на Данска се најдоа:
Голмани: Каспер Шмајхел (Ница), Оливер Кристенсен (Херта Берлин).
Одбрана: Симон Кјаер (Милан), Јоаким Андерсен (Кристал Палас), Јоаким Меле (Аталанта), Андреас Кристенсен (Барселона), Расмус Кристенсен (Лидс Јунајтед), Јенс Страјгер Ларсен (Трабзонспор), Виктор Нелсон (Галатасарај), Даниел Вас (Брондби).
Среден ред: Томас Дилејни (Севиља), Матијас Јенсен (Брентфорд), Кристијан Ериксен (Манчестер Јунајтед), Пјер-Емил Хојбјерг (Тотенхем).
Напаѓачи: Андреас Сков Олсен (Клуб Бриж), Јеспер Линдстром (Ајнтрахт Франкфурт), Андреас Корнелиус (Копенхаген), Мартин Брејтвејт (Еспањол), Каспер Долберг (Севиља), Микел Дамсгард (Брентфорд), Јонас Винд (ВфЛ Волфсбург).

