Напаѓачот на Баерн (Минхен) Садио Мане ги загрижи сите во Сенегал неколку дена пред Светското првенство во Катар. 30-годишниот фудбалер се повреди на натпреварот на неговиот клуб Баерн (Минхен) против Вердер (Бремен) (6:1) и го напушти теренот по само 20 минути игра.
Во оваа фаза се уште не е јасно колку е сериозна повредата, но според информациите на „Билд“ проблемот поприлично не се загрижувачки, туку се работи за стиснат нерв. Тоа значи дека играчот може да биде спокоен за неговото учество на СП во Катар.
Садио Мане е суперѕвездата на Сенегал и ќе биде огромен удар за тимот доколку не биде во можност да биде на располагање на селекторот Алиу Сисе. Сенегал на СП во Катар се во група со домаќинот Катар, Холандија и Еквадор.