По инцидентот на куп натпреварот со Шкендија и експресната санкција од натпреварувачката комисија при ФФМ, шампионот Шкупи своите следни натпревари на домашен терен ќе ги игра во Кичево.
Иако се уште не се знае точно колку натпревари Шкупи ќе треба да одигра надвор од стадионот „Чаир“ на оддалеченост од 100 километри од Скопје, едно е речиси сигурно, дека Кичево е новата база на шампионот.
Првиот натпревар за Шкупи на домашен терен во Кичево ќе биде веќе оваа сабота против екипата на Скопје.

