Челниците на фудбалскиот состав Интер се обидуваат да го убедат дефанзивецот, Милан Шкринијар, да потпише нов договор, пренесува денеска – „Газета дело Спорт“.
Тие сакаат репрезентативецот на Словачка да остане на стадионот – „Џузепе Меаца“ и по истекот на неговиот актуелен договор кој е до летото во 2023 година. Затоа му понудиле годишна плата од 6 милиони евра плус дополнителни бонуси.
Во текот на летото за одличниот дефанзивец беше заинтересиран ПСЖ, но, италијанците не ја прифатија понудата.