Селекторот на фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија, Ерве Ренард, како мерка на претпазливост го избриша Фахд ал-Мовалад од списокот за Светското првенство во Катар.
Бидејќи крилниот напаѓач беше позитивен на допинг тест во февруари, селекторот не сака да ризикува и на неговото место го повика неговиот соиграч , Наваф Ал-Абед.
Саудиска Арабија на Мундијалот во Катар ќе биде во групата Ц заедно со Аргентина, Полска и Мексико.