Нашите најдобри кошаркари остануваат со максимален ефект во групата во претквалификациите за ЕП 2025 година.
Тие денеска во Гевгелија успеаја да ја совладаат селекцијата на Данска во продолжение со 74 спрема 71 откако мечот во регуланиот дел заврши 64:64. Во нашиот табор Шортс забележа 13 поени а Војдан Стојановски имаше осум.
Во последниот репрезентативен „прозорец“ во февруари ќе влеземе како лидери на табелата. Тогаш не очекуваат пресметките кај Словачка и Норвешка.