Новото издание на боксерската ревија „Златниот гонг“ ќе се одржи в петок и в сабота во Скопје. Според последните информации, учеството на турнирот го потврдија 11 боксерски репрезентации и тоа Англија, Шкотска, Шведска, Србија, Бугарија, Косово, Унгарија, Албанија, Еритреја, Црна Гора и Македонија.
Како последна селекција се очекува Грција.
Македонија на годинешниот „Злетен Гонг“ ќе настапи со шест боксери: Ален Рустемов, Илхан Озмен, Ајхан Озмен, Дион Лена, Алим Насуфи и Али Аземи.