Фудбалерот на Манчестер Сити, Илкан Гундоган, вели дека нема шанси да се пресели во Ливерпул иако гледа со пиетет кон тренерот на „црвените, Јирген Клоп.
„Мислам дека можам да исклучам таков развој на настаните. Сите знаат колку го сакам и ценам Клоп но, јас сум долги години во Манчестер Сити„ – вели интернационалецот од Германија.
„Сега кога сум и капитен на тимот, дали ќе се преселам во Ливерпул? Не, не можам да го замислам тоа“ – изјави Гундоган за весникот – „Kicker“.