Австралиската влада утрово потврди дека српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ добил виза и ќе може да игра на Австралија опен во јануари. Деветкратниот Грен слем победник во Мелбурн беше депортиран од Австралија во јануари годинава, бидејќи не беше вакциниран против корона вирусот и поради неможноста за присуството на невакциниран играч според австралиските закони.
„На Ѓоковиќ му беше одобрена привремена виза за влез во Австралија“, се вели во соопштението. Тениската асоцијација на Австралија соопшти дека ја поздравува одлуката за укинување на визата за осмиот тенисер во светот.