Кралското семејство на Катар сака да ја забрани продажбата на пиво на стадионите за време на Светското првенство во 2022 година два пред почетокот на турнирот, објави „Тајмс“.
Во информацијата се вели дека домаќините на турнирот извршиле притисок врз ФИФА да ја промени политиката за конзумирање на пиво на Светското првенство и да ја запре продажбата на пијалокот на осум стадиони на кои се одржуваат натпревари. Треба да се напомене дека организацијата потпиша голем договор со еден од производителите, кој беше претставен и на Светското првенство во Русија 2018 година.
Веројатно, денес може да се појави одлука за ова прашање. Веќе на отворањето на Светското првенство меѓу Катар и Еквадор, навивачите нема да можат да купат пиво на стадионот. Единственото место каде пивото ќе биде достапно за сите фанови се фан зоните во Доха.
Да потсетиме дека првиот натпревар на Светското првенство во 2022 година ќе се одигра во недела на 20 ноември. Репрезентацијата на Катар ќе се сретне со Еквадор, со почеток од 17 часот.

