Кристијано Роналдо ќе добие забрана да влезе во тренинг центарот на Манчестер Јунајтед откако ќе се врати од Светското фудбалско првенство во Катар.
Воедно, „црвените ѓаволи“ ќе му го раскинат договорот и нема да му ги исплатат 20-те милиони колку што треба да добие до крајот на договорот во 2023 година.
Според медиумите во Англија, луѓето од Манчестер Јунајтед се определиле на таков потег по контроверзното интервју на Португалецот кој упати грст критики кон управата, тренерот и соиграчите.