Со денешниот меч меѓу домаќинот Катар и селекцијата на Еквадор, ќе стартува фудбалскиот Мундијал кој ќе трае до 18 декември.
Средбата ќе започне од 17.00 часот на стадионот – „Ал Бајт“ кој беше изграден минатата година и има капацитет од 60.000 седишта. На церемонијата на отворањето ќе настапат јужнокорејската поп-ѕвезда. Јунг Кук заедно со БТС и катарската пејачка Фахада Ал-Кубаиси. Тие ќе ја изведат песната – „Dreamers“, која е официјална химна на Мундијалот.
Светското превенство во Катар ќе влезе во историјата бидејќи за прв пат се игра во последната третина од годината.