Шпанскиот фудбалски интернационалец од Манчестер Сити, Родри, вели дека Пеп Гвардиола имал големо влијание во неговиот развој. Тој не крие дека е импресиониран од работата на трофејниот стратег.
„Гвардиола ме направи врвен играч. Тој ме научи како да делувам на теренот“ – вели Родри.
Гвардиола кој го презеде кормилото на Манчестер Сити во 2016 година, досега успеа да освои четири титули во Премиер лигата.