Фудбалерите на Холандија потешко од очекувањата славеа против Сенегал со 2:0 во првиот меч за двете селекции на Светското првенство во Катар.
Избраниците на Ван Гал има повеќе од играта но, отпорот на противникот кој настапи без првата ѕвезда, Садио Мане, беше скршен дури во финишот на мечот. Во 84. минута Коди Гакпо погоди по центаршут на Френки Де Јонг додека во судиското продолжение Дејви Класен го постигна вториот гол.
Во второто коло на 25 ноември, Холандија ќе игра со Еквадор кој во премиерата го совлада домаќинот Катар. Тогаш во вториот меч во групата „А“, катарците ќе излезат на мегдан со Сенегал.