Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, Верува дека неговата репрезентација ќе се претстави одлично на Светското првенство 2022 година. Гаучосите, кои се меѓу главните претенденти за трофејот, својот настап го започнуваат денес со мечот против Саудиска Арабија од 11:00 часот.
„Обично големите фаворити не стануваат шампиони. Има 10 добри тимови кои се способни да одат до титулата. Повеќето од нив се европски. Тие можат многу да постигнат на овој шампионат“, изјави Скалони.
„Ќе дадеме се од себе за да приредиме силен настап и да ги израдуваме нашите навивачи. Сепак, мора да запомниме дека фудбалот е само игра и животот ќе продолжи, што и да се случи“, додаде селекторот на Аргентина.
Покрај Саудиска Арабија, ривали на Лионел Меси и неговите сооиграчи во групата „Ц“ се Мексико и Полска.