Селекторот на Мексико, Херардо Мартино, пред мечот со Аргентина кој ќе биде решавачки за двете земји за пласман во фазата на елиминации, вели дека не очекувал таков развој на настаните во групата.
Мексиканците на стартот ремизираа со Полска а четата на Меси претрпе сензационален пораз од Саудиска Арабија кој максимално ги искомпликува работите во групата „Ц“.
„Кога го видовме распоредот, не размислувавме за такво сценарио. Сега доаѓа клучен натпревар како за нас така и за нив“ – потенцираше Мартино кој потекнува од Аргентина и на времето му беше тренер на Лео Меси.