Селекторот на Бразил, Тите, го изрази незадоволството од грубата игра на противничките фудбалери против ѕвездата на тимот – Нејмар.
Како што е познато, напаѓачот на ПСЖ се повреди на воведниот натпревар против Србија /2:0/ и веројатно ќе ги пропушти последните два меча во групната фаза.
„Ако сакате да го славите фудбалот, мора да внимавате на фаулите. Тие (противничките тимови) се фокусираат на одредени играчи. Тоа мора да се прекине“ – вели тренерот на „кариоките“.